Wednesday, June 2, 2021

Отворен ден по Граѓанско образование

 Со цел – зајакнување на демократската клима во училиштето, во нашето училиште се спроведе Отворен ден за граѓанско образование чија намена е да се поттикне одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и да се зајакне нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена. Истовремено, активноста ќе придонесе во промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница.

За таа цел беше спроведена кампања на тема „Здравјето пред се“ за која беа подготвени брошури,  и презентација на тема „Здрава храна – Здрава исхрана  Подобрување на имунитетот за време на пандемија“ која беше одбрана и подготвена од членовите на Училишниот парламент и поддржана од тимот по Граѓанско образование во училиштето.

Учениците од прво до трето одделение кои следеа настава со физичко присуство и нивните одделенски раководители, стручната служба и директорката на училиштето ја проследија презентацијата во салата, по Протоколот за заштита од КОВИД – 19, а потоа со своите одделенски раководители спроведоа работилници.

Учениците од четврто до девето одделение кои што следат настава од далечина, родителите и наставниците го проследија настанот online преку платформата Microsoft Teams.



No comments:

Post a Comment

Отворен ден по Граѓанско образование

  Со цел – зајакнување на демократската клима во училиштето, во нашето училиште се спроведе Отворен ден за граѓанско образование чија намена...